Работењето во областа на транспортната индустрија во денешно време не е воопшто лесно. Особено на возачите кои возат низ Европа, иако многумина мислат дека нивната работа е само притискање на педалата за гас и возење. Нивните обврски се движат од грижа и одржување на возилото во добра работна состојба, контралата на документите за товарот, познавање на законските норми кои се разликуваат од држава во држава итн. Дополнително,  сериозен проблем за возачите е и различниот начин на плаќање на патарините кои се регулирани различно во секоја држава и ствараат дополнителни потешкотии како за возачите така и за компаниите, бидејќи доколку возачот погреши и биде кзанет за неправилното плаќање патарини ќе имплицира казни и дополнителни трошоци и за компанијата за која тој работи.

Затоа, во овој текст ќе дадеме осврт на тоа како функционираат различните начини наплаќања во различни земји низ Европа, ќе ги опфатиме само најпроблематичните бидејќи дискутирањето за сите методи само во Европа ќе бара цела енциклопедија, и како Мапон  решението за ГПС следење и управување со возен парк може да ви помогне да заштедите на трошоци за казни.